Иселеници кои се вратиле за празниците во Струга завршија со позитивни тестови
Враќањето на иселениците за новогодишните празници во Струга ризик за ширење на заразата од Ковид 19. Од струшката болница велат дека дел од повратниците од дијаспората се позитивни и биле примени во болницата а дел се лекуваат во домашни услови. И покрај тоа што бројот на новозаболени изминативе денови опаѓа здравствените работници се соочува со зголемен обем на работа.
Модуларниот ковид центар во Струга ќе започне со работа од средината на јануари. Заврши монтирањето кое ќе обезбеди дополнителни 40 болнички кревети за лекување на болните од Ковид 19, но како што велат од болницата за непречена работа потребен ќе им биде дополнителен медицински кадар.
Инаку во струшката болница капацитетите на итерното и детското одделение кои беа пренаменети за лекување на ковид пациенти вкупно имаат 55 кревети. Моментално хоспитализирани се 45 пациенти од кои 80 посто се на кислородна поддршка.