Живот
21. May 2018 - 18:01

Исчистете ја машината за перење: Со две состојки, непријатните миризби и бигорот ќе исчезнат

Дали ви се случува да извадите свежо испрани алишта од машина а тие да не мирисаат како што треба?

Една причина поради тоа е неправилното одржавање на амшината за перење.

Таа често се користи, па затоа треба и често да се чисти.

За да се ослободите од нечистотиите , непријатните мириси, но и бигоро, потребно ви е оцет и сода бикарбона.

Во бубањот ставете100 грама сода и додадете 1 децилитар оцет, па пуштете ја машината празна на најкратката програма која ја има вашата машина.

Содата и оцетот ќе го растопат бигорот и ќе ги уништат непријатните мириси.