Исчезнатата Клара е најдена
14 годишната Клара од Скопје е пронајдена, потврдија од блиското семејство на девојчето за Сител.
Исто така и МВР преку соопштение потврдија дека малолетничката е пронајдена.
„Денеска (03.08.2024) околу 12.50 часот на Железничката станица во Скопје полициски службеници од СВР Скопје ја пронајдоа К.Р. (14), за која од страна на нејзината мајка И.Т. (33) од н.Илинден, Скопје, на 02.08.2024 околу 23.45 часот беше пријавено дека по претходна расправија, се оддалечила од домот. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициските службеници од СВР Скопје и девојчето е пронајдено и ќе биде предадено на родителот“, се вели во соопштението на МВР.
Клара изчезнала вчера околу 18 часот, а на социјалните мрежи беше објавен апел за нејзино пронаоѓање.
Габриела Лескова
Ново на Сител
-
Девет амбасадори се враќаат дома – иницијатива за именување на 4 нови
-
На онкологија почна да стигнува дел од терапијата која беше дефицитарна
-
Ниту Институтот по филозофија при УКИМ не ја одобрува новата концепција за гимназиско образование
-
Тошковски: Безбедносната состојба е стабилна
-
Анализа: Како техонологијата може да ви го спаси животот
-
Србија не се смирува, протестите продолжуваат
-
ВМРО-ДПМНЕ: Нема веќе лекови на реверс од омилената веледрогерија
-
Веќе пет дена гори депонијата кај Прилеп