-->
-->
Исчезнал па родителите го погребале пред 20 години но пред две недели...
-->

Карлос Санчез Ортиз де Салазар без трага исчезнал пред дваесет години. По исцрпната потрага, лекарот е прогласен за мртов. Пред две седмици пронајден е во шума во Схрвани а неговите родители го погребале пред две децении нивниот млад, перспективен шпански лекар.
Иако тој никогаш не е пронајден, потрагата е преќината бидејќи немало никакви траги. Карлос Санчез Ортиз де Салазар од Севиља во 2010-тата година и службено е прогласен мртов, на 15 години од неговото исчезнување.
Во 1995 година Карлосс имал 26 години и боледувал од депресија. Дваесет години подоцна, пред две недели, неговите родители примиле вест на која не се надевале ни во најлудиот сон: "Вашиот син е жив!".
На него и неговиот шатор во северна Тоскана во Италија наишле двајца берачи на печурки.
Карлос им се претставил и им рекол дека живее веќе 20 години во шумата сам. Им го покажал прастариот пасош и им објаснил дека нема смисла да откријат на институциите каде се наоѓа бидејќи веднаш чим заминат, ќе ја промени локацијата.
Берачите на печурки сепак ги исконтактирале институциите кои пак ги известиле родителите на Карлос дека е жив. Веднаш заминале во Италија на местото каде го виделе но Карлос веќе не бил таму.
- Нас како на родители ни е најбитно што е жив, но сме многу загрижени за неговата здравствена состојба. Ги почитуваме неговите желби и слобода, но нема да мируваме додека не успееме да го видиме, макар и за последен пат. Само сакаме да биде добро, изјавила неговата мајка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Магла на патниот правец Демир Капија - Гевгелија и на ГП Богородица
-

Во прекин сообраќајот на ГП Евзони (Богородица), нормализиран на преминот Ники (Меџитлија), непречено се одвива на ГП Дојран
-

Вандалски чин во центарот на Штип, оштетна урбана опрема и новогодишни декорации
-

Ѓорѓиевски: Се унапредува спортската инфраструктура во скопските средни училишта
-

Зеленски: Наскоро ќе им доставиме на Американците финализирана верзија од мировниот план
-

Сиљановска-Давкова го одликуваше американскиот генерал-мајор Најт со Орден за воени заслуги
-

Со 3,66 промили алкохол во крвта агресивно се однесувал кон полицајци
-

Вучиќ: Ќе предложам ЕУ заедно да ги прифати сите кандидати од Западен Балкан
