Исчезна Јабланичкото Езеро
Јабланичкото Езеро во Босна и Херцеговина целосно исчезна откако Електростопанство на БиХ максимално ги искористи резервите на вода што беа таму акумулирани за да произведе што повеќе струја за време на студените денови во јануари, а ваквата одлука веројатно ќе има долгорочни катастрофални еколошки последици.
Во долината на реката Неретва, меѓу местата Коњиц и Јабланица во Херцеговина, што обично е прекриено со вода длабока и до 80 метри, сега се гледа калливо дно, а на некои места можат да се забележат надгробните споменици потопени во 50-сеттите години на минатиот век, кога беше формирано акумулационото езеро, како дел од проектот за изградба на брани и хидроцентрали на реката Неретва.
Езерото вообичаено беше долго до 30 километри и зазема повеќе од 1.400 хектари површина. Во него имаше и богат рибен фонд, вклучително и пастрмка и крап.
Еколозите тврдат дека со испуштањето на езерото целосно е уништен рибниот фонд. Од Електростопанство на БиХ велат дека ова не е прва ваква ситуација и дека слично било и во 2005 година. од таму уште додаваат дека еколозите претеруваат во оценките за причинетата штета.
Ново на Сител
-
Фатен малолетник со нож на Бит Пазар, поднесена пријава
-
Вардар ја засили дефанзивата со Словакот Михаил Пинтер
-
Забрана за движење на тешки товарни возила на патот Гостивар–Кичево преку Стража
-
Измамена Охриѓанка за 300.000 денари - И кажал дека има пари на сметка од Биткоин
-
Тригодишно дете од Куманово се затруло од таблети
-
Аеродромот во Тирана за единаесет месеци го користеле над 100 илјади македонски државјани
-
МНР: Ќе се зголемува процентот на амбасадори од редот на професионалните дипломати, мандатот ќе биде четири години
-
Ристески: Преку 100 производи ќе се најдат во новогодишната кошничка, инспекција ќе врши мониторинг