Македонија
15. December 2023 - 11:54

Исчезна 29 годишно момче од Струмица, семејството моли за помош

Полицијата трага по 29-годишниот Марко Давчев од Струмица кој е пријавен за исчезнат во полиција на 9-ти декември.

„На 09.12.2023 година во Полициската станица Струмица Т.Д.(64) од Струмица пријави дека од нивниот дом се оддалечил неговиот син М.Д. (29), кој бил со нарушено здравје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, информираат од МВР.

На социјалните мрежи кружи и апел за доколку некој го забележи, веднаш да пријави во полиција.

Од МВР соопштуваат дека Марко е со нарушено здравје и се превземаат мерки за негово пронаоѓање.