„Исцелител“ на 17. Фестивал на медитерански филм во Брисел
Филмот „Исцелител“ на Ѓорче Ставрески вечер ќе биде прикажан на 17. Фестивал на медитерански филм во Брисел. Ќе се натпреварува во официјалната натпреварувачка програма, а утре ќе има и второ прикажување.
Фестивалот на медитеранскиот филм во Брисел се одржува секоја година во декември и има компетитивна програма, премиерно прикажани филмови, најдобри филмови и документарци, дискусии, средби со режисери, како и концерти, диџеи и медитерански пазар.
Светската премиера на „Исцелител“ беше на Солунскиот филмски фестивал каде што ја освои наградата од публиката. Филмот беше селектиран и на два фестивала од А категорија – интернационалниот филмски фестивал во Индија - Гоа (ИФФИ) и меѓународниот филмски фестивал „Црни ноќи“ во Талин.
Првиот долгометражен игран филм на Ставрески сега се прикажува во Милениум и Синеплекс во Скопје, а од 21-ви до 24 декември ќе се прикажува и во 3Д Кино Битола.
Ново на Сител
-
Црн чад над Сикстинската капела во Ватикан
-
ПМФЛ: Шкендија со триумф над Работнички ја обезбеди шампионската титула
-
Започна конклавата за избор на нов папа
-
Пронајден починат маж во Бутел
-
Николски за заемот од 6 милијарди евра: Делот за тоа колку ќе се задолжиме е погрешно пренесен
-
Учество на министерот Муцунски на неформалниот состанок во GYMNICH формат
-
Во првиот квартал извоз во вредност од 1 928.6 милиони евра
-
ЕУ ги повика Индија и Пакистан да покажат воздржаност