Кошарка
28. October 2022 - 10:43

Ирвинг и Дурант постигнаа по 100 поени во три порази на Бруклин, ова е втор ваков случај во историјата на НБА

Кошаркарите на Бруклин нетс, Кајри Ирвинг и Кевин Дурант повторија достигнување во НБА-лигата.

На последните три натпревари Ирвинг постигна 103 поени, а Дурент – 107, но тоа не ги спаси Нетси од три порази во низа.

Ирвинг и Дурент станаа вториот тандем во историјата на НБА кое загубило три натпревари по ред со својот тим и покрај тоа што постигнале над 100 поени.

Во 1983 година, Денвер нагетс претрпе три порази и покрај високите перформанси на Алекс Инглиш и Кики Вандјуи.