-->
-->
Ирска можност за прва победа
-->

По двата пораза во првите две кола јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија попладнево на Европското првенство Б –дивизија што се игра во Талин, Естонија има шанса да ја постигне првата победа. Противник на избраниците на селекторот Ѓорѓи Кочов е селекцијата на Република Ирска, која истотака запиша два пораза на стартот од групата Д.
Македонија во првото коло загуби од Данска 88:92, а вчера високо беше поразена од Белгија со 65:85.
На чело на табела се Естонија и Белгија со по 4 бодови, Данска и Швајцарија имаат по 3, а Македонија и Република Ирска по 2.
Од третото коло покрај натпреварот Македонија – Република Ирска играат уште: Данска – Швајцарија и Белгија – Естонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ВМРО ДПМНЕ со предлог закон - пратеник да има само македонско државјанство
-

Тема на денот Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

80 години Драмски театар
-

Минчев: Модерна јавна администрација за побрза интеграција во ЕУ
-

Владата одлучи: Вештачките ѓубрива со маржа до 5%, органските до 10%
-

Укинувањето на Пржинската влада влезе во Собрание
-

Што ќе испорача собранието за ЕУ по политичката влада во Софија?
-

Фетаи не доаѓа во Влада - Алиу вели: Не е во државата
