Иринеј: Народот нема корист од поттикнување на протестите во Белград и Бања Лука
Патријархот на Српската православна црква (СПЦ) Иринеј изјави дека надворешните притисоци треба да доведат до засилено единството на народот и државата во одбраната на своите суверени права и интегритетот на земјата и дека тоа единство не треба да биде нарушено од внатрешни разлики.
– Социјалните проблеми и незадоволството што постои во некои слоеви во општеството не треба да го делат националниот идентитет, особено земајќи го во предвид формирањето на уште една албанска војска, спречувањето на снабдувањето на српските институции, болници, училишта… во Косово, рече патријархот Иринеј за весникот „Политика“ .
Тој оцени дека со голема загриженост ги следел демонстрациите на улиците на Бања Лука, затоа што, како што рече, оние кои „не и сакаат добро на Република Српска и на српскиот народ, со тоа беа среќни “, и додаде дека не гледа корист за народот од поттикнувањето на вакви протести во Белград.
– Можеби некој не гледа или не сака да види, но сите овие процеси се поврзани, рече патријархот Иринеј.
Тој порача дека властите и државата имаат обврска да ги зголемат своите напори за создавање на демократска атмосфера, мир и соработката во општеството, на решавање на проблемите на сите слоеви, особено на оние кои со своето високо образование и знаење треба да бидат модел.
Ново на Сител
-
Пукање на автопатот Тетово - Скопје
-
Рибочуварка на Тиквешко Езеро физички нападната од три лица
-
Во Атина уапсени две лица кои пуштале во продажба ковид тестови и медицински маски со изменет рок
-
Фамелос: Ратификацијата на меморандумите ќе ја унапредеше соработката
-
Викендов променливо облачно, наместа нестабилно со дожд и грмежи
-
Амбасада на САД во Сараево: Додик е на опасен пат, „раздружувањето“ на БиХ значи крај на РС
-
На ГП Табановце влегле и излегле над 18.000, на ГП Богородица скоро 16.000 патници од 10 вчера до 10 утрово
-
Џафери: Значењето на светите браќа Кирил и Методиј е безвременско и обврзувачко, секој да го најде патот и да се вложи во напредокот