Иранските власти уништија сто илјади сателитски антени

Иранските власти уништија сто илјади сателитски антени и друга опрема за сателитско емитување, јавија локалните медиуми.
- Целата опрема доброволно е предадена од граѓаните, соопшти агенцијата basijnews.ir, орган на милицијата басиџи, паравоена формација на влијателната Исламска револуционерна гарда.
- Еден милион лица учествуваа во таа програма, изјави раководителот на басиџи, генерал Мохамед Реза Нагди на прес-конференција пред уништувањето на уредите на официјална церемонија во Техеран.
Според него сателитските телевизии, кои во целина ја развиваат корупцијата и ја уништуваат културата, доведуваат до повеќе разводи, поголемо користење дрога и намалување на безбедноста.
Иако масовно е непочитуван, во Иран со закон се забранува поседување сателитска антена, при што казната може да биде од 30 до 2.800 долари. Според некои проценки, 70 отсто од 80-те милиони жители на Иран, не го почитуваат законот.
Ново на Сител
-

Бројот на жртви од поплавите во Непал и Кина надмина 1.000
-

Учениците се враќаат на настава, почнува учебната 2026-2027 година
-

Од денеска од Зелениково до Нова железничка станица во Скопје со Градски воз
-

Европа негодува поради враќање на Русија во Г20
-

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Трамп размислува за ограничени напади врз Иран
-

Полицијата во Њујорк застрела жена која претходно со ножеви нападнала две лица на „Тајмс сквер“
-

Русинот осомничен за тројно убиство во Црна Гора по кратка престрелка со полицијата се самоуби
