Иранските власти се заканија со построги казни за организаторите на протестите
Заменик-командантот на иранската Револуционерна гарда, Али Фадави денеска изјави дека строго ќе бидат казнети „платениците“ уапсени за време на протестите што беа организирани поради зголемување на цената на горивото.
– Нашиот одговор секако ќе биде пропорционален на нивната бруталност. Ги уапсивме сите лакеи и платеници и тие признаа дека работат во корист на Америка, на Монафегин и други, истакна Фадави.
„Монафегин“ на персиски јазик значи лицемер, но иранските владини претставници го користат за опозициската група Муџахедини на иранскиот народ, чии членови се во егзил. Групата е одговорна за голем број напади во Иран во 80-тите години од минатиот век. За официјален Техеран групата Муџахедини на иранскиот народ е терористичка.
Иранските власти тврдат дека воспоставиле мир по повеќедневните немири што почнаа на 15 ноември, неколку часа по објавата за зголемување на цената на горивото.
Новинската агенција ФАРС, блиска до иранските конзервативци, објави дека полицијата „уапсила и идентификувала 180 демонстранти“.
– Сите ги уапсивме и ако бог така сака, правосудството ќе ги осуди на највисоката казна, адмирал Фадави.
Не е познат точниот број на уапсени демонстранти ниту бројот на загинати. „Амнести интернешенел“ (АИ) вчера објави дека за време на протестите во Иран загинале најмалку 115 лица.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп