Ирански ракетни напади врз Израел: Осум загинати, над 100 повредени

Иран ноќеска започна нов бран ракетни напади врз Израел, во кои, според израелските медиуми, загинаа најмалку осум лица, а над 100 се повредени.
Нападите следеа откако израелската војска потврди дека извршила удари врз иранската нуклеарна инфраструктура, додека иранското Министерство за нафта соопшти дека е погодено складиште за нафта Шахран во Техеран.
Израелската служба за итни случаи Маген Давид Адом (МДА) потврди дека во нападите загинале четири лица во Бат Јам, јужно од Тел Авив: жена во 60-тите, жена во 80-тите, момче од околу 10 години и девојче, веројатно во истиот напад. Во Тамра, на северот на Израел, локални извори јавија дека четири жени од исто семејство загинале во еден од нападите.
МДА пријави 140 повредени, од кои некои се во тешка состојба, со напомена дека бројките може да се променат со пристигнувањето на нови податоци.
Цел на нападите биле делови од централниот дел на Израел, вклучувајќи го подрачјето околу Тел Авив, каде што во Бат Јам е директно погодена станбена зграда.
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан предупреди дека одговорот на Техеран ќе биде „уште потежок и посилен“ доколку Израел не се повлече. Засега, бројот на жртвите и повредените не е официјално потврден од израелските власти.
Ново на Сител
-

Кој го понесува најголемиот удар од блокирањето на Ормутскиот теснец?
-

Тема на денот со Ана Павловска Данева, Уставна судијка
-

ОЈО оформи предмет за Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош
-

Пиштол вперен кон сопругата, нападната ќерка - тројца мажи уапсени за семејно насилство
-

САД и Израел ги интензивираат нападите врз Иран, војната влегува во седмиот ден
-

Околу 800 Македонци побарале да се вратат дома од погодените земји
-

Нема потреба од паника, залихи на нафта има доволно
-

Документ на ЦИА за Киро Глигоров ги разбуди партиите за името
