Ирански генерал се закани со нов ракетен напад врз Израел
Високиот ирански бригаден генерал Амир Али Хаџизаде, командант на воздухопловните сили на Револуционерната гарда, му се закани на непријателот на Техеран, Израел со нов масивен ракетен напад, јави ДПА.
Според државните медиуми, тој ја дал острата изјава на настан во Техеран вчера.
Пред неколку месеци, Иран и Израел беа на работ на голема регионална војна. На 13 април годинава Револуционерната гарда истрела стотици беспилотни летала и ракети врз Израел, потсетува ДПА.
Ова се случи по наводниот израелски напад врз комплексот на Иранската амбасада во сирискиот главен град Дамаск, во кој на почетокот на април беа убиени двајца генерали.
Сега Хаџизаде изјави дека се надева на можност за втора ваква операција. „Не знам колку проектили ќе бидат потребни“, додаде тој.
Заканата најверојатно е поврзана со неодамнешните тензии меѓу Израел и Либан.
Во текот на викендот, мисијата на Иран во ОН се закани со „уништувачка војна“ во случај на ескалација меѓу Израел и Хезболах.
Ново на Сител
-
Можни ли се поплави во Македонија како во Босна и Херцеговина?
-
Партиски препукувања додека струмичани немаат вода за пиење
-
Тема на денот со Владимир Божиновски, политички аналитичар
-
Клиниките ќе се спојуваат во 2026, Таравари ќе враќа лекари од приватното во државното здравство
-
Бела ноќ со француската атракција групата „Кидам“ со уличниот спектакл „Сонот на Еребер“
-
Најмалку 20 загинати во поплавите во БиХ
-
Можен распад на Европскиот фронт на ДУИ поради Мендух Тачи
-
Затворена седница за ЕУ