Иран започна петти бран воздушни напади врз Израел, најави удари и на американските бази на Блискиот Исток
Иран започна петти бран воздушни напади врз Израел, објави иранската новинска агенција ИРНА.
Цели на нападот се локации во Тиверија, окупираната Голанска висорамнина и Долна Галилеја. Во овие области е издадена тревога за воздушен напад и се слушаат силни експлозии.
Пријавени се и напади во Тел Авив и еврејските населби на Западниот Брег.
Израелската армија го потврди новиот ирански воздушен напад и соопшти дека на населението му е наредено да оди во засолништа.
Израелските воздухопловни сили соопштија и дека уништиле „десетици ракети“ испукани од Иран.
Според иранската новинска агенција Фарс и високи воени извори, нападите врз Израел ќе продолжат, а целите на Техеран ќе ги вклучат и американските воени бази на Блискиот Исток.
– Оваа конфронтација нема да заврши со ограничените акции од синоќа и иранските напади ќе продолжат. Овие акции ќе бидат многу болни и за жал – со тешки последици за агресорите. Војната што ционистичкиот режим ја започна со агресија ќе се прошири во наредните денови на сите територии окупирани од овој режим и американските бази во регионот, а агресорот ќе стане цел на решителен и голем удар од страна на Иран, соопшти иранската војска.
Во меѓувреме, иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека „не е донесена одлука“ за откажување на следната рунда разговори за нуклеарната програма на земјата со САД, но присуството на ирански претставник „не е сигурно“. Средбата е закажана за утре во Оман.
Ново на Сител
-
Скопскиот Кривичен суд ќе го води судскиот процес за пожарот во кочански „Пулс “
-
Лион ќе се жали поради испаѓањето во Лига 2
-
Министерство за економија и труд: Да се применуваат мерките за заштита на работниците од горештините
-
Видеоиграта „Death Stranding 2“ достапна за обожавателите
-
Шварценегер откри кој филм му донел најмногу пари
-
Пристапот до Интернет во Иран се враќа во „претходна состојба“
-
Повредените од „Пулс“ со 62 бели балони за загинатите и порака „Никогаш нема да ве заборавиме“ | ВИДЕО
-
Тошковски: Работниот статус на полицајците во истрагата за „Пулс“ е ставен во мирување