Свет
27. September 2015 - 9:12

Иран потпиша договори со Русија вредни 21 милијарди долари

Иран потпиша договори вредни 21 милијарди долари за купување сателитска опрема и авиони од Русија, изјави денеска извршниот директор на Организацијата за иранска авиоиндустрија Манучер Мантеги.

Мантеги рече дека договорите се потпишани на авио-вселенскиот салон МАКС-2015 во Русија минатиот месец.

Договорот предвидува купување на сателитска опрема, како и на патнички авион „сухој суперџет 100“.