Иран му вети помош на Хамас во борбата против Израел
Во телефонскиот разговор со лидерот на Хамас, Исмаил Хание, генералот Есмаил Каани, командант на бригадите ал-Кудс на иранската револуционерна гарда, ветил целосна поддршка на Иран, објавија државните медиуми на Блискиот исток.
Хание се заблагодарил на поддршката на Иран и рекол дека борбата против Израел не е само Хамас, туку и целиот муслимански свет, пренесува Dpa.
Претходно, иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф ја откажа средбата со неговиот австриски колега Александар Шаленберг, бидејќи австриската влада го поставила израелското знаме во седиштето во знак на „солидарност“ со Израел.
Иран ја гледа еврејската држава како нејзин главен непријател и ги поддржува групите кои се борат против Израел, како Хамас во Газа или Хезболах во Либан.
Целото иранско раководство оваа недела остро ги осуди израелските „брутални и сурови злосторства“ против Палестинците.
Ново на Сител
-

Поради маглата на скопскиот аеродром откажани 20 лета, два пренасочени, слетале 13 авиони, исто толку полетале
-

Повреден возач по судир на две товарни возила на автопатот Скопје-Тетово
-

Руте: Путин е главната пречка за мирот во Украина
-

Без вода утре ул. „Драгиша Мишовиќ“ во Карпош
-

Почна зимата
-

Поради намалена видливост откажани се 20 летови на скопскиот аеродром, слетале само авионите од Дортмунд и од Виена
-

Песков: Не е планиран телефонски разговор меѓу Путин и Трамп, ќе го организираме по потреба
-

Двајца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајка на патот Белград – Ниш
