Иран: ЦИА обвинета за ширење лажни информации
Иранскиот министер за надворешни работи, Џавад Зариф ја обвини американската разузнавачка агенција ЦИА за ширење „лажни вести“ за Исламската Република објавувајќи досиеја запленети во нападот во Пакистан во 2011 година кога беше убиен лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен.
Американската разузнавачка агенција ЦИА објави 470.000 документи од компјутерот запленет во рацијата на засолнишето на Бин Ладен во Аботабад во Пакистан, а тие документи фрлија „ново светло“ на односите меѓу сунитските екстермисти и иранските шиити.
Меѓу материјалите се 18.000 документи, 79.000 аудио снимки и фотографии како и повеќе од 10.000 видео фајлови.
Во исто време, иранската новинска агенција Фарс, јави дека селективното објавување на документите е дел од „притисокот врз Иран“.
Ново на Сител
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци
-
Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата