Иран бара Ирак да спроведе одлучна акција против одговорните за палењето на иранскиот конзулат во Наџаф

Иран денеска апелираше до ирачките власти да спроведат одлучна акција против одговорните за палењето на иранскиот конзулат во шиитскиот град Наџаф, на југот од земјата.
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Абас Мусави го осуди нападот и „побара одлучна, ефикасна и одговорна акција против агресорот“, јави агенцијата ИРНА.
Ирачките антивладини демонстранти вчера ја запалија зградата на иранскиот конзулат во овој јужен ирачки град. Најмалку 33 лица беа ранети кога полицијата се обиде да ги спречи демонстрантите да се пробијат до конзулатот.
Вработените во дипломатското претставништво преку задна врата успеале неповредени да побегнат од зградата.
Демонстрациите во Багдад и поголемите јужни, главно шиитски, ирачки градови траат од 1 октомври.
Ново на Сител
-

Состојбата во ЈСП Скопје е алармантна, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации
-

Кога ќе се научат фирмите дека се продаваат поскапи производи, тешко се враќаат назад, вели Димитриеска Кочоска
-

Преглед на вестите од светот
-

Кочоска: Формализирање на неформалната економија
-

ВМРО-ДПМНЕ: Го заштитивме растот на платите
-

Вечерва во Струмица започнуваат карневалските свечености
-

Изјава за медиумите на премиерот Мицкоски
-

Преглед на вестите од светот
