Ирачкото правосудство му забрани на претседателот на парламентот да ја напушти државата
Ирачкото правосудство донесе одлука за забрана за напуштање на државата за претседателот на ирачкиот парламент, поради обвиненијата за корупција, неодамна покренати против него, пренесува БТА.
Министерот за одбрана Халед ал Обеиди, кој претходно во парламентот беше испрашуван по обвиненијата за примање поткуп, во понеделникот го обвини претседателот на парламентот Салим ад Џубури, но и други лица, дека се обиделе да го уценат и да изнудат негов потпис на незаконски договори за оружје. Веднаш потоа премиерот Хајдер ал Абади побара од Агенцијата за борба против корупција да ги истражи тврдењата на Обеиди и наложи забрана за напуштање на земјата за засегнатите лица.
- Ирачкото правосудство наложи забрана за Џубури, двајца други пратеници и за уште четири лица. Судска комисија ќе ги истражи обвиненијата, покренати од министерот за одбрана, соопшти портпаролот на Правосудството.
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена