Ирачкиот парламент бара и преземање на нафтените полиња во Киркук
Ирачкиот парламент денеска побара од ирачкиот премиер Хајдер ал Абади да ја прати армијата во курдскиот регион Киркук, каде што се наоѓаат нафтените полиња за да ја преземат контролата над нив.
Владата треба да ја преземе контролата над нафтените полиња во Киркук под јурисдикција на Министерството за нафта, се вели во резолуцијата усвоена од членовите на ирационалниот парламент.
Ирачкиот премиер Хајдер ал Абади денеска побара од ирачките Курди да го поништат резултатот од референдумот за независност, што се одржа во северен Ирак во понеделникот.
- Ние да водиме дијалог за исходот од референдумот, рече Абади во ирачкиот парламент, додавајќи дека, ако ирачките Курди сакаат да ги започнат разговорите, тие мора да го отфрлат референдумот и неговиот исход.
Претседателот на регионалната влада на Курдистан Масуд Барзани вчера прогласи победа на опцијата „да" на референдумот за независност на ирачкиот Курдистан.
Барзани ги повика светските сили да ја почитуваат волјата на милионите Курди, кои на референдумот гласаа за независност на тој ирачки регион.
Ново на Сител
-
„Тинекс“ - 30 години успешно работење и постојана инвестиција во развој и иновации
-
Уапсени две лица на натпреварот Франција – Израел
-
76-годишна скопјанка измамена од Ганец, во повеќе наврати му праќала 8.000 евра и телефони
-
АТП го казни Тиафо со 120.000 долари поради пцуење судија
-
Денеска последната супермесечина за оваа година
-
Кирјос по двегодишна пауза се враќа на тенискиот терен
-
Фалкао најдобар колумбиски стрелец во историјата
-
Лазаров го објави поширокиот список ракометари за Светско првенство