Ирачката армија се подготвува да ја преземе Фалуџа
Ирачката армија ги повика жителите на Фалуџа да бидат во состојба на готовност брзо да го напуштат градот, јавија ирачки медиуми.
Фалуџа е меѓу најголемите градови во провинцијата Анбар и е под окупација на терористичката групација Исламска држава.
Армијата ги повика граѓаните исто така да стојат подалеку од пунктовите на ИД и да не се приближуваат до групи на борци.
Исламистите од ИД пред неколку часа објавија известување до сите граѓани, кои сакаат да си заминат од градот да се соберат кај главниот штаб на ИД и да се скоцентрираат во квартовите, кои се контролирани од групацијата.
Владата на Ирак и меѓународната коалиција кон крајот на март постигнаа принципиелна спогодба да почнување масовна воена операција за ослободување на Фалуџа од ИД. Тогаш ирачките власти објавија дека на околу 20 километри од градот се подготвува специјален центар за прием на бегалци, кои се очекува да пристигнат од Фалуџа при настапувањето на армијата.
ИД почна офанзива во северните делови на Ирак на почетокот на летото во 2014 година и во моментот контролира една третина од територијата на земјата.
Ново на Сител
-
Спасувачите трагаат по исчезнати по поплавите и свлечиштата во Јабланица
-
Досега нема кривична пријава поврзана со „Конти“, граѓаните да внимаваат при вложување пари во вакви апликации
-
Лазов: ДСЗИ ќе изврши вонреден инспекциски надзор во здравствените установи каде починатотото бебе било претходно лекувано
-
МОН: Честит 5 Октомври – Светски ден на учителот
-
Над 20 интервенции ноќеска во поплавени куќи во Тетово
-
Тошковски: Да се фокусираме на професионалноста, а не на етничкиот предзнак
-
Фич: Курсот на денарот и банкарскиот сектор остануваат стабилни
-
Кривична пријава за криумчарење мигранти