ИОМ: Најмалку 78 мигранти се заглавени во Средоземно Море

Најмалку 78 мигранти од Либија кои тргнале кон Европа заглавени се на море, соопшти денеска Меѓународната организација за миграција (ИОМ).
Мигрантите од Либија побегнале пред три дена, а вчера биле спасени од трговски брод во Средоземно Море. Бродот на кој се наоѓаат мигрантите се уште не дпбил дозвола за впловување од ниту пристаниште, изјави портпаролката на ИОМ, Сафа Мсехли.
Таа упати апел до Европска Унија да воспостави јасен и сигурен механизам за луѓето спасени во Средоземно Море.
За помалку од една недела ова е четврти брод, на кој се наоѓаат мигранти кои заминале од Либија, соопшти ИОМ.
Еден брод до 57 мигранти пристигна до Малта, каде е ставен во карантин поради пандемијата со новиот коронавирус, друг брод со 68 мигранти пристигна на италијанскиот остров Лампедуза, а третиот брод со 51 мигрант беше пресретнат и вратен во Либија.
Поголемиот број мигранти заминуваат од Либја во недоволно опремени и несигурни гумени чамци.
Според проценките на ИОМ од 2014 година починаче над 20.000 мигранти кои се обиделе да го поминат Средоземно Море.
Ново на Сител
-

Париските власти забранија можна парада на навивачите на ПСЖ доколку ја освојат Лигата на шампионите
-

Ибрахимовиќ во бокс меч против Фјури на 1 август
-

Официјално: Фабијани нов тренер на Вардар
-

Путин потпиша указ за отпишување долгови на новите регрути за украинскиот фронт
-

Рубио: Ормуската Теснина мора да остане отворена
-

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во посета на Македонија
-

Пред пратениците предлог-законот за задолжување со заем од 260 милиони евра
-

Сончево и топло со температура до 32 степенa, попладне можен краткотраен дожд
