-->
-->
ИОК со реакција за забраната на Трамп за трансродови лица во спортот
-->
Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) го коментираше указот на американскиот претседател Доналд Трамп за забрана на трансродовите лица да учествуваат во женски натпревари.
-Работејќи со релевантните меѓународни спортски федерации, ИОК ќе продолжи јавна дебата за различни теми, меѓу нив и за трансродовите лица, соопштија од ИОК.
Претседателот на САД, вчера потпиша извршна наредба со која им се забранува на мажите на кои им е извршена промена на полот да учествуваат во женски спортски натпревари.
Прес-секретарот на Белата куќа, Каролин Левит, рече дека американската администрација очекува ИОК и Националната атлетска колеџ асоцијација (NCAA) да го поддржат законот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот