Фудбал
11. May 2023 - 10:08

Инзаги: Знаеме дека Интер треба да вложи уште многу напори

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги и покрај победата над Милан (2:0) во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите, смета дека ништо не е готово и побара неговите фудбалери да бидат претпазливи.

– Многу ми е мило. Имавме неверојатно прво полувреме. Можевме да постигнеме повеќе од два гола, но натпреварот сепак беше успешен. Водиме во пресметката пред реваншот кој ќе се одржи пред нашите навивачи. Знаеме дека треба да вложиме уште многу напори за да го оствариме нашиот сон, изјави Инзаги.