Инзаги: Прво би ја забележал играта на Интер, не резултатот
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги ја се осврна на синоќешната победа над Баерн Минхен со 2:1 во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите.
- Мора да им честитам на моите фудбалери. Ова е дефинитивно резултат на највисоко ниво. И ова ме прави многу среќен. Направивме нешто незаборавно, но нема да значи ништо ако не го повториме тоа, на реваншот пред нашите навивачи.
Пред се, би го забележал не толку самиот резултат, туку како точно одигравме. Баерн е многу силен, но ние не заостанавме ни милиметар по ревност, храброст и спортски гнев. Баерн создаде голем притисок, но игравме квалитетен фудбал. При двата наши гола, акциите почнаа од нашиот голман. Можевме да го трошиме времето, но наместо тоа се обидовме да ја започнеме акцијата што е можно побрзо, изјави Симоне Инзаги по мечот во Минхен.
Реваншот ќе се одигра во Милано на 16 април.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер
-
Договор за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Експертите ја поздравуваат најавата за инвестиции
-
Зоврива албанскиот блок со заострена реторика пред локалните избори
-
Загрижувачки 30 проценти од бремените жени се соочуваат со анксиозно-депресивни потешкотии
-
Инциденцата и преваленцата на малигни заболувања кај пациентите од истокот е во пораст
-
Преглед на вестите од светот
-
Стартува инвестиција на „Шахтерм“ - Турска фабрика за греачи за бела техника