Инзаги по поразот од Фиорентина: Заслужено загубивме, одговорноста е моја
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги беше разочаран по поразот од Фиорентина со 0:3. Тренерот призна дека неговиот тим бил тотално надигран.
-Не го започнавме добро натпреварот и практично отсуствувавме од него цело време. Заслужено загубивме. Доцна реагиравме на нападите на Фиорентина, иако имаше предупредувачки знаци и пред паузата. Одговорноста е моја. Ќе анализираме што се случи, но сигурно нема да правиме драми. Не барам изговори, вистината е дека не бевме на нашето вообичаено ниво, изјави тренерот на Интер.
Во однос на кадарот, изјави дека е среќен со играчите кои ги има.
-Некои од играчите се опоравија од повредите. Мехди Тареми се уште има проблем по мечот со Лече. Хоакин Кореа се уште е надвор од теренот. Мораме соодветно да одговориме по овој пораз. Ништо не е загубено, додаде Инзаги.
Ново на Сител
-
5 години членка на Нато-предизвиците пред кои е исправена државата се големи
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ заедно со нивните судии и обвинители во акција за заштита на мазут мафијата
-
Сиљановска од Баку: Обединетите нации се маргинализирани тогаш кога се најпотребни
-
Македонија 5 години во НАТО
-
ЦГК: За две години државата потрошила 8,5 милиони евра за нови автомобили
-
Пациенти алергични на полен ги полнат амбулантите
-
Полицијата го зголеми надзорот