Инвеститорот којшто урна ѕид од станбена зграда ќе биде соодветно казнет, велат од Општина Ѓорче Петров

На инвеститорот којшто урна ѕид од станбена зграда во општина Ѓорче Петров ќе му биде изречена соодветна казна согласно законските прописи и без никакво одлагање ќе биде задолжен да ја санира штетата, информираа попладнево од Општина Ѓорче Петров.
Дел од медиумите денеска објавија дека случајот е пријавен утринава околу 10 часот откако дел од станарите на зградата забележале дека бетон се слева по скалите од станбената зграда.
Од Општина Ѓорче Петров велат веднаш по добивање на пријавата, надлежните инспектори се во контакт со управителот на зградата при што утврдиле дека изведувачот и инвеститорот направиле реална штета.
– Силно сме загрижени од информациите за настанатата штета врз станбената зграда и разбираме дека ваквите ситуации предизвикуваат вознемиреност и чувство на несигурност кај жителите. Ве информираме дека веднаш по добивањето на пријавата, нашите надлежни инспектори се во контакт со управителот на зградата и утврдено е дека изведувачот и инвеститорот направиле реална штета. За истата, тие ќе бидат веднаш, без никакво одлагање, задолжени да ја санираат. Дополнително, согласно законските прописи, против нив ќе биде изречена соодветна казна, стои во соопштението од Општина Ѓорче Петров.
Бидејќи се работи за штета со можен основ за надомест, од Општината додаваат дека жителите имаат право да побараат и дополнителна правна заштита преку надлежните судови.
– Сакаме да нагласиме дека Општината нема да дозволи несовесно градење и постапки кои го загрозуваат квалитетот на живеење и безбедноста на граѓаните. Бидејќи се работи за штета со можен основ за надомест, жителите имаат право да побараат и дополнителна правна заштита преку надлежните судови. Секој изведувач и инвеститор е должен да работи одговорно и во согласност со закон, и нашите служби ќе продолжат внимателно да го следат случајот. Ви благодариме што гласно реагирате и ни помогате заеднички да ја чуваме безбедноста и достоинството на урбаното живеење, додаваат од Општината.
Во соопштението се наведува дека единствен надлежен орган којшто има право да влезе во објект во градба е Градежниот инспекторат, за кој велат дека во случајот постапува согласно своите овластувања.
Ново на Сител
-

САД воведуваат нови 50-процентни царини за дел од канадските производи, ескалира трговскиот спор со Канада
-

Литванија покрена постапка за укинување на уставната забрана за нуклеарно оружје
-

Нови американски воздушни напади врз Иран, погоден танкер во Ормуската Теснина
-

Министерот Николоски ќе присуствува на промоцијата на седмиот авион на „Виз ер“ во Скопје
-

Во Собранието седници на шест комисии, на дневен ред енергетика, образование и безбедност
-

Многу топло, попладне нестабилно со дожд, грмежи и ветер
-

РКЕ: Нови цени на горивата од полноќ, бензините поскапува за три, дизелот за шест денари
-

Димитриеска-Кочоска: Владата донесе одлука за намалување на акцизата на горивата
