Интервју: Просечната плата зголемена во март, ќе порасне ли дополнително со мерките на Владата?
Платите во Македонија треба да бидат повисоки, смета првиот финансиер. Владата има сериозни мерки за поддршка на растот на примањата како и за зголемување на продуктивноста на фирмите вели Тевдовски. Целта е луѓето да бидат вработени а мерките да не предизвикаат спротивен ефект. Просечната плата во март е зголемена за повеќе од 500 денари и изнесува 23 700. Во споредба со истиот месец лани растот е 5,6 отсто.
- Зголемувањето на минималната плата доведе околу 90.000 вработени да имаат поголеми плати – рече Тевдовски.
Тевдовски потенцира дека зголемувањето на просекот ги зголеми и придонесите за пензиско. Од почетокот на годината тие пораснале за 6 %. Според него ова е особено важно покривање на дефицитот во ПИОМ. Посочи дека ветувањето за просечна плата од 500 евра ќе се реализира до крај на мандатот.
Наскоро ќе стартува и мерката со која Владата повторно ќе го стимулира растот на платите во трудоинтензивните дејности. Државата ќе исплаќа 30 отсто од бруто платата на оние работодавачи кои ќе ги зголемат платите до 18 000 денари .
Поддршката ќе опфати околу 15 000 компании со близу 50 000 работници.
-
Александра Десподовска
Сите содржини од овој новинар