Интервентен откуп на грозјето бара Советот на Кавадарци

Владата на Република Македонија да донесе одлука за интервентен откуп на грозје, како и план и стратегија и системски мерки за долгорочно решавање на проблемот со откупот на грозјето.
Ова се два од четирите заклучоци кои попладнево ги донесе Советот на општина Кавадарци. Се расправаше за состојбата со откупот на родот од лозјата кој е во тек во Тиквешко, како најголем лозаровинарски регион во Македонија.
Советниците исто така преку третиот заклучок, упатија препорака до винарските визби да ја искористат мерката стимулација од три денари за килограм грозје и да ги отворат своите порти.
Со четвртиот заклучок од денешната седница, Советот на општина Кавадарци побара да се почитуваат законските регулативи и да има контрола како тие се спроведуваат, а се однесуваат на шеќерноста и плаќањето на грозјето.
Ново на Сител
-

Колони возила на бензинските станици
-

Колони возила на бензинските станици
-

Тема на денот со Тони Менкиновски, адвокат
-

ВМРО-ДПМНЕ со слики го потсети Филипче дека лажеше за мигрантите, СДСМ тврди дека мигрантите доаѓаат
-

Почна со работа меѓупартиската група за Изборен законик
-

Невладиниот сектор алармира: Имаме политики за заштита на жените, но не се имплементираат
-

83 години од депортацијата на штипските евреи
-

Од полноќ дизелот поскап за 14,5 денари, гужва на бензинските
