Интернисти од Скопје ќе помагаат во Инфективното одделение во Штипската болница
Во последните 24 часа во болнички услови како последица на Ковид-19 починале 5 пациенти на возраст од 48 до 76 години. Институтот за јавно здравје денеска бележи намалување на процентот на новозаразени и денеска има 102 дијагностицирани од 1356 тестови, или 7,5 проценти од тестираните. Најмногу се во Скопје 39, а 11 во Куманово. Повторно е двоцифрена бројката и во Штип каде има 13 нови случаи и градот на текстилната индустрија е втора општина по број на активни случаи во државата. Има 419 лица кои се уште се позитивни на Ковид-19, а полно е и Инфективното одделение во Штипската болница. Од утре на испомош на лекарите ќе пристигнат и двајца интернисти од Здравствен дом Скопје бидејќи во моментот во Штип на болничко лекување има 49 пациенти со корона вирусот.
Освен во ГОБ „8ми септември“, 87 пациенти има и на Инфективна Клиника од кои 40 се на кислородна поддршка, 10 возрасни и 4 деца се хоспитализирани во болницата во Козле а 207 заразени и сомнителни на Ковид-19 се низ останатите инфективни одделенија во државата.
Институтот за јавно здравје денеска регистрирал и 99 оздравени пациенти со што бројката на активни случаи во моментот е 4181.
Сања Димитровска
Ново на Сител
-
Втора успешна трансплантација со коска од починат донор на Клиниката за ортопедија
-
Во Косово затворени сите институции поврзани со Србија
-
Кос: Се надевам дека Македонија ќе го смени Уставот
-
Началникот на Армијата на конференција на Воениот комитет на Нато
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не може да се дистанцира од Груби
-
СДСМ: Кошничките на Мицкоски – целосно промашување
-
Новогодишната кошничка даде резултат
-
СЗО: Осум лица заразени со вирусот Марбург починаа во Танзанија