Бизнис
25. November 2017 - 18:02

Интернет шопинг е ризик?

Многукратно намалените цени на извесни артикли кои можат да се купат преку интернет, претставуваат вистински предизвик за македонските граѓани на кој не се имуни ниту прилепчани, иако, како што велат, свесни се дека ризикот да не го добијат она што го прачале и платиле, е огромен.

Искуствата од интернет шопинг - манијата се различни, едни се кај оние што порачуваат инцидентно, а додека сосема други кај оние што редовно купуваат он - лајн и тоа во поголеми количини. Според вториве она на што треба максимално да се внимава е податокот како е рангирана интернет-страницата преку која се врши шопингот.

Според податоците дури 70 проценти од потрошувачите пребаруваат на интернет пред да ја донесат одлуката за купување на даден производ. Во светски реамки, он-лајн шопингот е многу актуелен пришто на врвот од листата купени производи се наоѓа електронската опрема.