-->
-->
Интернет користи 92,1 отсто од населението во земјава
-->

Во првото тримесечје од 2025 година, 92.1 % од вкупното население во земјава на возраст од 15 до 74 години користеле интернет, а 91.2 % од домаќинствата имале пристап на интернет од дома, објави Државниот завод за статистика.
Во истото тримесечје, 79.1 % од вкупното население на возраст од 15 до 74 години користеле интернет неколкупати во текот на денот, а 60.3 % направиле онлајн нарачка или купопородажба во последните 12 месеци.
При користењето на ИКТ во домаќинствата и од поединците, најголемо учество од 93.2 % имаат телефонирањето преку интернет/видеoповиците (веб-камера; апликации - Skype, Facetime, Messenger, WhatsApp, Viber, Snapchat).
Пораки, пак, најмногу се испраќале преку Skype, Messenger, WhatsApp, Viber.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Бабата и дедото на судијата Ристов му давале пари за стан
-

ОБСЕ: Функционерите најчесто се спасуваат во судот
-

Повеќе од половина судови се неажурни
-

Над 120 амандмани на вториот ребаланс на буџетот, почнува расправата во Собранието
-

СДСМ: Уставен ја отфрли иницијативата кога власта најави економски работници
-

28 питомци со свечена воена заклетва
-

За два дена над 800 граѓани од ризичните групи вакцинирани против грип
-

Преглед на вестите од светот
