Македонија
11. September 2015 - 8:38

Интернационална младинска конференција во Крушево

Над 60 млади лидери од 16 земји, од денеска до 15 септември во Крушево, ќе учествуваат на 13-тата Интернационалната младинска конференција „Европски вредности за иднината на земјите од Југоисточна Европа“.
 
Конференцијата е во организација на Младински Сојуз – Крушево, а под покровителство на германската Фондација Фридрих Еберт – Канцеларија во Скопје и со поддршка на Пактот за стабилност за Југоисточна Европа.
 
На конференцијата, младите од Македонија, Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Франција, Грција, Германија, Италија, Косово, Црна Гора, Полска, Романија, Србија, Словенија,  Турција и заедно си нашите еминентни говорници ќе ги продискутираат актуелните теми како: „Употреба или злоупотреба на Европските фондови“, „Миграцијата како Европско право“, „Креативноста како клуч за вработување од соништата„, Кој ја гради реалноста – ние или медиумите“, ....