Интернационален натпревар за млади музичари „Охридски бисери“

Охрид по 17. пат е домаќин на интернационалниот натпревар за млади музичари „Охридски бисери“, на кој се пријавени над 80 учесници од повеќе држави.
На манифестацијата, која се одржува од 15 до 21 јуни учесници од Русија, Германија, Кина, Романија, Чешка, Турција, Полска, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Македонија ќе се натпреваруваат во дисциплините виолина и пијано.
Натпреварот, како што соопшти организаторот, го следи интернационално жири од меѓународно истакнати и признати музички изведувачи и педагози, а завршен концерт е планиран за утре во црквата „Света Софија“.
„Охридски бисери“ е член на Европската унија на меѓународни натпревари (EMCY), со цел промоција на млади музички таленти на европско ниво. Високите професионални стандарди кои се пропишани за учесниците влијаат на сериозноста на пропозициите на меѓународните натпревари, како и на неопходноста за високо реноме на членовите на жирито.
Ново на Сител
-

Внимавајте со храната и алкохолот за новогодишната ноќ
-

Половина буџет оди во чинија: Македонецот изел 170 килограми леб, а само килограм и пол цреши
-

Последени моменти од 2025 година
-

Охрид во очекување на Новата година
-

Сиљановска: 2026 ќе биде година на реформи
-

Гаши: Со единство до напредок
-

Мицкоски: 2026 ќе биде година на напредок
-

Паркирањето во центарот на Штип целосно се дигитализира
