Интернационален фестивал на монодрама „Битола 2016“

НУ Центар за култура-Битола од 4 до 10 мај ќе биде домаќин на актери од САД, Литванија, Србија, Албанија, Хрватска, Бугарија, Ерменија, Израел и од Македонија кои ќе изведат 17 монодрамски остварувања.
На 18-то издание, 13 од претставите се во конкуренција, а 4 составен дел на фестивалската програма која ќе биде отворена со претставата „Животот е прекрасен“ во изведба на МНТ-Скопје, истакна Борче Димитровски, директор на НУ Центар за култура-Битола.
- Фестивалот годинава нуди 5 монодрами од македонска продукција или копродукција со што уште повеќе се потврдува значењето на овој настан кој ги слави актерите, уметноста и секако театарот. Неофицијалната програма е истоветно силна бидејќи во Битола ќе настапат МНТ со „Животот е прекрасен“ во режија на Александар Морфов, а на затворањето ќе настапат Театар Комедија со претставата „Случајот Хармс“, посочи Димитровски.
На денешната прес-конференција во Битола беше соопштено дека за наградите ќе одлучува меѓународно жири кое ќе го предводи Петар Темелковски, а ќе му помагаат Билјана Крајчевска, Братислав Димитров – сите од Македонија, Нина Мазур од Украина и Иван Лео Лемо од Хрватска.
- Фестивалот годинава го постигнува своето полнолетство, тој е квалитетен и со соодветен квантитет во однос на бројот на претставите, а дел од апликантите моравме даги отфрлиме. На програмата ќе има кабаретски претстави, мономјузикл, моноопера и друга понуда. Голем е интересот на македонските актери и режисери, а ќе бидат застапени и монодрами кои ги потпишале познати светски класици како Буковски, Твен, Достоевски, Гогољ, Дарио Фо и други, истакна фестивалскиот селектор Петар Мирчевски.
Интернационалниот фестивал на монодрама „Битола 2016“ е поддржан од Министерството за култура.
Ново на Сител
-

Во Србија приведен Македонец поради недозволен промет на акцизни стоки
-

Иран го нападна Тел Авив со ракети со касетна муниција, погодени и објекти во Хаифа
-

ЈУНП „Пелистер“ постави 40 мониторинг камери во националниот парк „Пелистер“
-

Од 10 април започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ
-

ЈП Водовод: Земените примероци од водата за пиење во Скопје ги исполнуваат барањата за безбедност и квалитет
-

Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
-

Астронаутите на „Артемис 2“ стигнаа до сферата на гравитациско влијание на Месечината
-

Протест на студентите за полагање правосуден испит на албански јазик
