Македонија
20. March 2019 - 16:47

Интересот за сместување деца во градинка далеку поголем од капацитетите

Расте интересот за згрижување на деца во струмичките градинки. Но, овој позитивен тренд веќе подолго време им создава сериозни проблеми на раководството на градинките бидејќи бројот на деца е многу поголем од  просторните услови со кои располагаат.За да се одговори на што поголем барања од родителите во капацитетите кои се наменети за 670 деца градинките  згрижуваат скоро двојно повеќе. Велат проблемот го решаваат со добра организација, но потребата од итно проширување е неминовна. Иако мал број сепак имале и  ситуации кога морало дел од децата да ги остават на листа на чекање.

,, Имаше еден број на деца односно родители кои што моравме да ги оставиме да почекаат за да видиме во текот на годината според извештаите што ги добиваме од нашите воспитни групи, мораа да почекаат за нешто да се испразни по било кој основ но тоа не се случува баш така често.,, вели ВАИЛ БУБЕВ – ДИРЕКТОР НА ДЕТСКА ГРАДИНКА ДЕТСКА РАДОСТ СТРУМИЦА

Помош за надминување на овој проблем побарале од ресорното министерство од каде добиле позитивен одговор. Покрај проектот за проширување на една од постоечките се најавува изградба и на комплетно нова градинка.

,, Веќе е во проект и при крај на изготвување е проширување односно доградба на еден од нашите клонови, поточно на клон два кој се наоѓа во градскиот парк. Веќе тој проект е во капиталните инвестиции влезен на министерството за труд и социјална политика . Инаку во проект е исто и нова градинка.,, вели БУБЕВ

Од градинката велат во надминуваење на проблемот со просторните услови е вклучена и локалната самоуправа која веќе реализира проект за отворање на  првите градинки  и надвор од градот, една во Муртино и една во Куклиш.