-->
-->
Интер нов лидер во Серија-А
-->

Фудбалерите на Интер, со стил, со убедлив триумф од 4-0 против Калјари на „Џузепе Меаца“ е вратија на лидерската позиција на табелата во Серија А.
Натпреварот од 17 коло помина во знакот на Лаутаро Мартинез. Аргентинскиот ас, постигна два гола, а можеше да има и хет трик доколку го реализираше пеналот во 44 минута при резултат 1-0 за „Нероазурите.
Тој го отвори резултатот во 29 минута, на асистенција на Чалханоглу.
Подзаборавениот Алексис Санчез во 50 минута погодува за 2-0, на асистенција на Барела.
Асистентот на првиот гол, Турчинот Чалханоглу прецизно стрела во 66 минута, овојпат на асистенција на Санчез, а конечниот резултат со својот втор гол го постави Лаутаро Мартинез во 68 минута, по втората асистенција на Барела.
Интер е првопласиран на табелата со 40 бода, еден повеќе од градскиот ривал Милан кој вчера одигра само 1-1 кај Удинезе.
Трет на табелата е тимот на Аталанта со 37 поени, а на четвртата позиција по денешниот неуспех остана Наполи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нов Зеланд со огномети и јавни настани ја дочека Новата 2026 година
-

Новогодишен воз на Железници Транспорт на 2, 3 и 4 јануари
-

Запленети над 40 илјади парчиња петарди и огномети во акција на мобилен царински тим
-

Поранешниот директор на затворот Шутка Филип Андов - Сокол осуден на осум месеци затвор
-

Многу студена новогодишна ноќ, силен северен ветер и температури до -15 степени
-

Над 6.000 парчиња пиротехника запленета на Бит Пазар
-

Мицкоски: 2026 година ќе биде година на раздвижување и на преобразба
-

Тажна вест: Почина познатиот скопски угостител Боби Ле Петит
