Интензивно се гради пешачка патека на река Брегалница во Берово
Интензивно се гради пешачката патека на река Брегалница во Берово. Градежните активности, како што информираат од Општината, се реализираат во рамките на проектот „Збогатување на туристичката понуда, со изградба, уредување и осветлување“, што се реализира со средства од Програмата за регионален развој, преку Центарот за развој на Источен плански регион.
– Со цел урбанизирање на овој дел од градот се врши изградба, уредување и осветлување на пешачко велосипедска патека на река Брегалница, од „Кафтански мост“ од лева страна, преку дрвениот мост од другата страна, па се до зградата на улицата „Партизанска“ од двете страни, после досегашниот изграден дел, велат од Општината.
Со овој проект, покрај тоа што ќе се подобри сликата за Берово и регионот како труистички атрактивна дестинација, според очекувањата на градоначалникот Звонко Пекевски, ќе се овозможи развој и на останатите економски гранки.
– Ќе се урбанизира еден доста руиниран дел од Берово, а жителите и туристите ќе имаат можност да уживаат во природа по кејот на река Брегалница. Овој проект е од огромно значење за Општината и значи и нов инпут во развојот и стратешките определби на Берово, како препознатливо туристичко место, истакна Пекевски.
За реализација на овој проект од Министерството за локална самоуправа, преку Бирото за регионален развој се обезбедени седум милиони денари, додека еден милион денари ќе бидат кофинансирани од Буџетот на општина Берово.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Уапсени поранешни и сегашни функционери – истрагата за Кочани се проширува
-
Пуштен системот за заедничка гранична контрола на ГП Долно Блаце – Елез Хан
-
Ќе има ли јагнешко за Велигден и по која цена?
-
Tема на денот со Михајло Лахтов, експерт за медиуми
-
Загрижувачки пораст на респираторните заболувања - околу 1000 случаи годишно со рак на белите дробови
-
Кој краде на Клиниката за онкологија – Два инциденти за 6 дена
-
Судењето за убиството на Вања продолжи со испрашување на таткото