Македонија
12. March 2016 - 16:34

Интензивирање на културната соработка со Црна Гора

Програма за културна соработка  денеска потпишаа министрите за култура  на Македонија  и Црна Гора. Ова е прва официјална  потпишана  програма за  меѓусебна културна соработка за периодот  2016-2019 година.

На денешната билатерална средба  беше разговарано  за досегашната  успешна соработка на културните институции, за меѓусебните гостувања на бројни фестивали, и  за идните проекти.

Со поддршка од двете министерства планирано е  кон крајот на годинава  да се издаде првиот македонско-црногорски речник   и црногорско-македонски речник.