Институт за проучување на војната: Русите напредуваат во Мариупол
Институтот за проучување на војната од Вашингтон соопшти дека руските сили постигнале напредок во опколениот јужен град Мариупол, влегувајќи во централното подрачје на градот на 24 март.
Пристанишниот град, кој се смета за клучен за руската окупација, е опколен од руски војници од почетокот на март.
Како што се влошува ситуацијата во Мариупол, локалните украински власти го напуштаат градот за подобро да ги координираат регионалните операции, вели независниот тинк-тенк со седиште во САД.
Анализата на Институтот вели дека руските сили продолжиле да го гранатираат Харков и го погодиле местото на испорака на хуманитарна помош, при што загинале шест и ранети биле 15 лица, а руските сили имаат и помали напредоци во регионите Донецк и Луганск.
Но, исто така велат и дека Украинците успешно ги нападнале руските бродови во окупираното пристаниште Бердјанск, додавајќи дека Украина ги принудила руските трупи да се бранат и северозападно од главниот град Киев и ја спречиле Русија да го опколи регионот Чернихив.
Ново на Сител
-

Официјална посета на Руте во земјава
-

Преглед на вестите од светот
-

Како ќе се враќаат Македонците од Блискиот Исток?
-

Владата ќе прогласи кризна состојба, ако ескалираат случувањата на Блискиот Исток
-

Владата да прогласи кризна состојба во Струга поради загадената вода за пиење
-

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте во официјална посета на Македонија
-

Тројцата полициски службеници обвинети за работењето на кочанската дискотека не се чувствуваат виновни
-

Од годинава три типа матура, гимназијалците на државна, стручните со право на избор
