Инстаграм воведе нова опција која може да спаси животи

Инстаграм денови воведе нова опција која би можела да спасува животи.
На оваа популарна платформа тинејџери неретко објавуваат постови за депресија, нарушување во исхраната и други проблеми кои спаѓаат во доменот на психичкото здравје. Токму поради тоа, Инстаграм воведе опција каде можете да пријавите пост на лице за кое сметате дека би можело да биде во опасност.
Потоа, Инстаграм на тоа лице ќе му испрати порака за да му понуди помош преку совети и контакт центари. Исто така, ако во пребарувачот впишете #ImNOtOk, Инстаграм и на вам ќе ви понуди опција за помош.
- Некој го виде твојот пост и мисли дека минуваш низ тешки моменти. Ако ти е потребна поддршка, ние сме тука да помогнеме, гласи пораката, а некои од опциите кои се нудат се разговори со пријател, контакт со СОС линија и некои предлози околу проблемите. Постовите се пријавуваат целосно анонимно.
Марк Цукенберг, сопственик на Фејсбук и Инстаграм, новата опција ја изработи во соработка со неколку американски национални асоцијации за ментално здравје, со цел на неговите корисници да им укаже дека менталното здравје е подеднакво важно како и физичкото.
Ново на Сител
-

„Шанса за Центар“ бара повлекување на планот за „Барутана“ на Водно
-

За еден ден 25.000 пријави за вакцинација против сезонски грип
-

Нови закони за концесии и за јавно-приватно партнерство до крајот на годината пред пратениците
-

Во Струмица одбележам меѓународниот ден на руралната жена
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Ива и татко и ќе одговараат кога тогаш
-

СДСМ: Тошковски да си поднесе оставка
-

Нова инвестиција во Битола - нови 2.000 работни места
