Инспекторите и комуналните редари на Град Скопје во текот на викендот изрекоа 14 казни
Град Скопје соопшти дека екипи од неговиот Инспекторат составени од комунални инспектори и инспектори за животна средина, изминатиов викенд изрекле казни за палење оган на отворено, како и за недозволено фрлање отпад.
Затекнати и санкционирани се, како што се посочува, лица кои палеле оган на отворено во Шуто Оризари за што се изречени две казни, а во општината Бутел, пак, во близина на последната автобуска станица на линијата број 57, фатено е лице како незаконски фрла отпад, за што тоа е казнето.
Изминатиов викенд комуналните редари од Град Скопје изрекоа 11 казни на физички лица за непочитување на законските прописи и фрлале ѓубре на јавна површина во Градскиот парк. Градот Скопје го продолжува засилениот инспекциски надзор на јавните површини. Неселективно ќе се изрекуваат казни за сите што не го почитуваат законот, ја загадуваат животната средина и го загрозуваат животот и здравјето на граѓаните, информираат од Град Скопје.
Ново на Сител
-
Косово го забрани увозот на овци и кози од Македонија
-
ФК Силекс и Општина Кратово организираат заедничко гледање на натпреварот со Дечиќ
-
Многу топло време и утре, освежување од сабота
-
Трамп бара ослободување од обвинение за Нетанјаху
-
Во понеделник најавено прскање против комарци во Охрид и околината
-
Орбан и одговори на Фон дер Лајен: Не мешајте се во внатрешните закони на земјите-членки
-
Трипуновски: Го вреднуваме трудот на земјоделците, исплатени над девет милијарди денари субвенции
-
19-годишно момче од Македонија се удави во Ханиоти