Балкан
14. јуни 2017 - 10:41

Инспекторите го испитуваат камионџијата - ако се поклопи само овој детал ќе се реши убиството на Јелена

Инспекторите на српската полиција се подготвуваат за пат во Германија каде во затворот ќе го испитуваат Каталин Доринел од Романија кој би можело да биде убиец на пејачката Јелена Марјановиќ.

По неговото апсење сопругот на Јелена изјавил дека му е драго што воопшто таков монструм е зад решетки.

-„Начинот на извршување на убиството е пресликан во четири случаи, во Германија, Австрија и Србија, но за осуда е потребен поголем доказ. Поради тоа во Германија ќе биде однесен примерок од ДНК кој е пронајден на долната облека на жртвата, а кој досега беше воден како биолошки траг на непозната личност. Тоа е важен траг во случајот, но без примерок кој ќе се поклопи е безвреден. Доколку дојде до поклопување, секоја одбрана на камионџијата паѓа во вода бидејќи нема логично објаснување како неговиот ДНК може да дојде во допир со облеката на жртвата, освен тој да е сторител на одвратното убиство.“ - вели извор.