Инспектори во обид да запленат цигари и тутун нападнати во Тетово
Во видео објавено на социјалните мрежи, се гледа како едвај жива глава спасуваат пазарните инспектори во Тетово, во обид да запленат цигари кои се продаваат нелегално.
Видеото, според расположивите информации е направено на 21 февруари 2020 година.
Месноста е пазарот во Тетово.
Во заедничка акција на Државен пазарен инспекторат (ДПИ) и Царинска управа кај зелениот пазар во Тетово се одземени режан тутун и цигари кои нелегално се продавале.
При акцијата инспекторите на двете институциите биле физички попречувани и напаѓани од страна на нелегалните продавачи, соопштија од Инспекторатот.
– Во Тетово спроведовме акција за сузбивање на сивата економија односно нелегална продажба на акцизна стока. Во акцијата одземени се 89 килограми режан тутун и 415 кутии со цигари. При спроведувањето на акцијата инспекторите се физички попречувани да ги одземат тутунот и цигарите. Дел од продавачите физички ги нападнале и ги вратиле назад дел од одземениот тутун и цигари, соопштија од Државниот пазарен инспекторат. Иако биле нападнати инспекторите поминале без повреди, соопштија од ДПИ
Ново на Сител
-
Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити
-
Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј
-
ИДФ за снимката на заложникот објавена од Хамас: Ова е итен повик за акција
-
Две лица загинаа кога воен авион се запали и се урна во близина на Алјаска | ВИДЕО
-
Кампањата на Бајден продолжува да го користи ТикТок иако тој потпиша нацрт-закон за забрана на апликацијата
-
Повеќе скопски општини без струја
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс