Македонија
5. October 2019 - 19:29

Инспекторатот за животна средина најавува засилени контроли на индустриските капацитети

И оваа зима се очекува огромно загадување на воздухот.

Од државниот инспекторат за животна средина најавија засилени контроли во индустриските капацитети со цел да се да се утврди начинот на кој работат и да се превенира загадувањето на амбиенталниот воздух .

Добрите познавачи велат дека  загадувачи се обичните луѓе подеднакво колку што се и индустриските капацитети додавајќи дека потребни се многу години за справување со овој проблем кој се создавал со децении наназад.

И покрај тоа што Охрид не спаѓа во критичните градови со енормно аерозагадување квалитетот на воздухот во иднина, ќе се следи преку нови методи таканаречени интелегентни сензори.

Според направените истражувања, главни причини за загадувањето се домаќинствата, потоа сообраќајот, градежните активности и индустријата.