ОН инсистира да бидат лишени од имунитет вмешаните саудиски претставници
Високиот комесар за човекови права на ОН, Мишел Бачелет, денеска побара да бидат лишени од имунитет саудиските претставници, кои можеби се вмешани во исчезнувањето на саудискиот новинар Џамал Кашоги по влегувањето во зградата на Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.
- Со оглед на сериозноста на ситуацијата околу исчезнувањето на Кашоги сметам дека недопирливоста или имунитетот на засегнатите објекти и официјални лица предвидени со договори како Виенската конвенција од 1963 година за конзуларни односи, треба веднаш да се повлечат, вели Високиот комесар Бачелет во соопштението.
- Меѓународното право ги третира киднапирањата и вонсудските егзекуции како многу сериозни злосторства, а имунитетот не треба да се користи за да се спречи истрагата на настаните, додаде таа.
ОН нема право да одзема имунитет, но земјата домаќин, во случајот Турција, може да побара од властите на засегнатата држава да се откажат од имунитетот на својот дипломатски претставник во случај на сериозни прекршувања.
Ново на Сител
-
Марк Гиу најдобар стрелец во Конференциската лига
-
Гвардиола го сака Меси во Манчестер Сити
-
Леброн лидер во НБА по најмногу минути игра
-
Кејн утре би можел да се врати во составот на Баерн
-
Лазаров одбра 20 ракометари за Светското првенство
-
Протест на вработени во ЈП „Улици и патишта“, бараат исплата на плата и К-15
-
Скопјани утрово дишат најзагаден воздух во Европа
-
Најстудено утрово во Берово, најтопло во Дебар