Фудбал
10. November 2021 - 11:28

Инсиње сака да добие седум милиони евра за продолжување на договорот со Наполи

Напаѓачот на Наполи, Лоренцо Инсиње може да го продолжи договорот со клубот, тврди новинарот Николо Шира.

Според Шира, 30-годишниот Италијанец бара четиригодишен договор со плата од шест милиони евра и бонус за потпис од седум милиони евра.

Во исто време, раководството на „наполитанците“ не сака да плаќа повеќе од 4,6 милиони евра годишно. Тоа е сумата што сега ја добива играчот.

Во тековната сезона Инсиње за Наполи одигра 14 натпревари на кои постигна пет голови и четири асистенции.