Живот
9. March 2017 - 11:43

Иновација на „Најк“: Хиџаб за спортистки

„Најк“ неодамна го промовираше својот нов производ - спортски хиџаб, наменет за спортистките од исламска вероисповест.

Прекривањето на главата во спортот е се уште забрането, речиси во секој спорт. Меѓунардоната фудбалска федерација (ФИФА) ги дозволи хиџабите дури во 2014, додека пак Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА), се уште ги забранува.

„Најк Про Хиџаб" е изработена од лесни и проѕирни материјали кои, како и кај досегашната опрема обезбедува оптимален проток на воздух дури и при високи температури. „Најк“ го развиваше овој производ речиси една година, а прва која го тестираше, беше лизгачката Захра Лари, пренесува „Гардиан“.

Спортскиот хиџаб ќе се најде на пазарот наредната 2018 година и тоа во три бои: црна, сива и опсидијан црна.