Балкан
23. February 2016 - 12:48

Иницијатива за свикување собраниска седница за избор на претседател на Косово

Пратеници од редовите на косовската владејачка коалиција започнаа со собирање потписи за свикување вонредна седница на Парламентот на која ќе се гласа за избор на претседател на Косово, јави Танјуг. 

Единствен кандидат за претседател засега е лидерот на Демократската партија на Косово, Хашим Тачи, чиј заменик на партиската функција Енвер Хоџај пред неколку дена за „Зери“ изјави дека неколку пратеници веќе ја потпишале иницијативата за свикување вонредна седница.

- Кога  ќе бидат предадени потписите зависи од координаторот на пратеничката група во соработка со претседателот и претседателот на Собранието, истакна Хоџај. 

Според косовскиот Устав, претседателот на Собранието може да свика вонредна седница на барање на најмалку 40 пратеници.